0_Спорт.ПорталКошарка

Отело Хантер потпиша нов договор со Макаби за 900.000 евра

Американскиот кошаркар Отело Хантер (33) потпиша нов договор со Макаби Тел Авив вреден 900.000 евра.

Тел Авив, 3 февруари 2020 (МИА) – Американскиот кошаркар Отело Хантер (33) потпиша нов договор со Макаби Тел Авив вреден 900.000 евра.

Хантер пристигна во екипата во летниот период од тимот на ЦСКА Москва со кој претходно ја освои титулата во Евролигата. Тогаш се обврза на едногодишна верност кон гордоста на Израел, но благодарение на одличните партии, управата на клубот реши да му понуди нов со важност до крајот на 2021/22. Опцијата за негово продолжување останува.

Пет дена претходно Макаби Т.А. го продолжи договорот и со Скот Вилбекин кој за наредните три сезони ќе инкасира три милиони евра, а сега со Хантер ја потврди амбицијата да го сочува костурот на екипата.

Хантер во кариерата играше и за Олимпијакос и за Реал Мадрид и со години важи за еден од најдобрите дефанзивци во Евролигата. Оваа сезона бележи минутажа во, речиси, секој натпревар во кој постигнува во просек по 10,2 коша и 6,5 „украдени“ топки. сѓд  

Таг
Back to top button
Close
Close