Дописници МКДОпштински вести

Отчет на градоначалникот на Василево за двегодишното работење

Во изминатите две години како локална самоуправа најмногу бевме ангажирани во сферата на локалната патна инфраструктура и при тоа реализиравме повеќе значајни проекти, истакна градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, во отчетот за сработеното на половина од мандатот.

Струмица, 13 декември 2019 (МИА) – Во изминатите две години како локална самоуправа најмногу бевме ангажирани во сферата на локалната патна инфраструктура и при тоа реализиравме повеќе значајни проекти, истакна градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев, во отчетот за сработеното на половина од мандатот.

-Конкретно, во населеното место Василево асфалтиравме една улица во должина од 105 метри и ја реконструиравме улицата од поштата до повеќенаменското игралиште во должина од 300 метри, која е со атмосферска канализациона мрежа, пешачки патеки од двете страни на улицата и ново улично осветлување. Во населеното место Ангелци асфалтиравме една улица во должина од 150 метри, во населеното место Градашорци асфалтиравме четири улици и тоа во должина од 120, 150, 180 и 200 метри. Во ова населено место изградивме и тротоар во должина од 425 метри. со сопствени средства. Во населеното место Седларци асфалтиравме две улици со должина од околу 80 метри и 170 метри, исто така со сопствени средства, подвлече градоначалникот Јанев.

Додаде дека се асфалтирале улици и во населените места Висока Маала, Пиперево, Сушево, реконструкцијата и ревитализацијата на локалниот пат Ново Владевци-Сушево, клучка со магистралниот пат А4 Струмица-Скопје, па се до центарот на село Сушево во должина од 1.878 метри, во населеното место Нова Маала, како и на последниот дел од локалниот пат Чанаклија-Нова Маала, во должина од 1.700 метри.

Информираше дека се реализирани повеќе проекти во комуналните дејности, а во неколку населени места подобрено е водоснабдувањето. Во селата Пиперево, Градашорци, Нова Маала и Сушево изграден е нов канализациски систем и одводни канали.

Градоначалникот Јанев на крајот истакна дека се реализирале проекти и во други области во надлежност на локалната самоуправа и дека активности и проекти како и бенефитот од нив не се на дневна основа и најчесто тоа се активности чие времетраење од идеа до реализација е прилично долг. рт/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close