Дописници МКДОпштински вести

Осветениот крст на плоштадот во Кавадарци, донираните пари ќе одат во хуманитарни цели

Осветениот крст, што вчера во водите на реката Луда Мара го фати 26-годишниот Александар Ристески од Прилеп, денеска е поставен на плоштадот во Кавадарци, при што донираните пари од верниците ќе бидат наменети за хуманитарни цели. 

Кавадарци, 20 јануари 2020 (МИА) – Осветениот крст, што вчера во водите на реката Луда Мара го фати 26-годишниот Александар Ристески од Прилеп, денеска е поставен на плоштадот во Кавадарци, при што донираните пари од верниците ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

– Хуманитарната акција е за Марио Ристов од село Дреново, дете со попреченост во развојот и со инвалидитет од 90 проценти. Апелирам до нашите сограѓани да донираат, изјави Ристески.

Момчето кое минатата година го фати крстот, исто така организираше хуманитарна акција за помош на свој сограѓанин. свд/сп/

Back to top button
Close
Close