0_Магазин.ПорталЗдравје

Осумчасовна диета која не ви налага што точно да јадете

Нема строги правила точно која храна треба да се консумира, туку кога треба да се консумира. Сепак, тоа не значи дека може да живеете само на чипс и хамбургери.

Лос Анџелес, 16 јули 2020 (МИА) – Осумчасовната диета е режим за слабеење осмислен од Дејвид Зинченко, автор на популарната книга „Јадете го ова не тоа“ (Eat This Not That).

Клучот за осумчасовна диета е во тоа – да се јаде само во определени осум часа денот, а останатите 16 часа – се пости. Нема строги правила точно која храна треба да се консумира, туку кога тоа се консумира. Само треба да си ја одредите таа рамка од осум часа и да се придржувате до неа.

Сепак, тоа не значи дека може да живеете само на чипс и хамбургери. Најдобри резултати се постигнуваат ако внесувате здрава храна во дневните оброци.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close