Дописници МКДОпштински вести

Осум новозаразени со Ковид-19 во Крива Паланка

Денешната статистика на Институтот за јавно здравје регистрира осум новозаразени со Ковид-19, а со оваа бројка вкупниот број на активни случаи со вирусот во оваа општина изнесува 35.

Крива Паланка, 11 септември 2020, ( МИА) – Денешната статистика на Институтот за јавно здравје регистрира осум новозаразени со Ковид-19, а со оваа бројка вкупниот број на активни случаи со вирусот во оваа општина изнесува 35.

Ова е втор ден со голем биланс на новорегистрирани лица, по вчерашната бројка од деветмина.

Според информациите од Подрачната единица на хигиено-епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје Крива Паланка, повторно се регистрирани, две заразени лица, од конфекцијата во градот, каде досега има пет активни случаи,а еден почина.

Останатите случаи се лица кои имале исто така контакти со заболени.

Од почетокот на пандемијата досега во општините Крива Паланка и Ранковце од Ковид-19 се заразија вкупно 70 лица.

Според статистиката на Институтот за јавно здравје денес и во општина Кратово е регистриран еден нов случај на заразен со Ковид-19. ид/сп/

Back to top button
Close
Close