Дописници МКДОпштински вести

Осум нови случаи и едно лице излекувано од коронавирусот во Кичево

Во Кичево денеска се регистрирани осум нови случаи на лица позитивни со коронавирусот, и едно лице кое ја победило болеста. Според податоците од Министерството за здраство вкупниот број заразени со Ковид-19 во општината се искачи на 80, од кои 68 се активни, 11 се излекувани и едно лице починало.

Кичево, 13 јули 2020 (МИА) – Во Кичево денеска се регистрирани осум нови случаи на лица позитивни со коронавирусот, и едно лице кое ја победило болеста. Според податоците од Министерството за здраство вкупниот број заразени со Ковид-19 во општината се искачи на 80, од кои 68 се активни, 11 се излекувани и едно лице починало.

-Новозаболените се во добра општа здравствена состојба. Седум од нив се лекуваат во домашни услови и се во изолација и под контрола на нивните матичните лекари, едно лице е на болничко лекување во Битола. За среќа денеска имаме и едно излекувано лице во Кичево, рече Д-р Станко Трпески , член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.

Тој апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките дадени од надлежните здравствени институции. рф/ев/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close