ЕвропаЕвропа.Портал

Остриан ерлајнс: Без празни места во авионите

Австриската авионкомпанија Остријан ерлансј смета дека употребата на заштитни маски во борбата против ширењето на коронавирусот во авионите е посоодветно отколку оставањето на средното место празно, изјави портпаролот на компанијата, Марлен Пирхнер.

Виена, 15 мај 2020 (МИА) – Австриската авионкомпанија Остријан ерлансј смета дека употребата на заштитни маски во борбата против ширењето на коронавирусот во авионите е посоодветно отколку оставањето на средното место празно, изјави портпаролот на компанијата, Марлен Пирхнер.

Како што пренесува БГНЕС, закажаните летови на австриската ерлајнс се откажани до 31 мај. Авиокомпанијата го следи пазарот и во јуни ќе ги обнови летовите.

Компанијата – мајка „Луфтханза“ веќе го направи задолжително носењето маски за време на летовите, така што истото ќе треба да се спроведе и во остријан ерлајнс.

„Блокирањето на средните места би било крајно непрофитабилно во финансиска смисла. Посоодветно е да се работи со маски и да не се оставаат слободни места за седење. Од гледна точка на животната средина, овој пристап ќе биде поддржан и затоа што во овој случај нема да мора да летаме почесто“, велат од компанијата. ссм/

Back to top button
Close
Close