Svet.SlajderСветСвет.Портал

Оставка на шефот на полицијата во Тусон по убиство на осомничен за време на задржување (видео)

Шефот на полицијата во Тусон, Аризона, си даде оставка откако од снимка пуштена во јавноста синоќа се дозна дека 27-годишниот Јужноамериканец, Карлос Инграм Лопез, пред два месеци починал за време на задржување, во постапка слична на насилното задржување на Џорџ Флојд, причина за масовни протести во САД кои траат веќе цел месец.

Вашингтон, 25 јуни 2020 (МИА) – Шефот на полицијата во Тусон, Аризона, си даде оставка откако од снимка пуштена во јавноста синоќа се дозна дека 27-годишниот Јужноамериканец, Карлос Инграм Лопез, пред два месеци починал за време на задржување, во постапка слична на насилното задржување на Џорџ Флојд, причина за масовни протести во САД кои траат веќе цел месец.
Видеото снимката е направена од камери на службениците поставени на нивните одела. Од неа се гледа како за време на апсењето, Лопез, пред да почине, е принуден да лежи повеќе од 12 минути, со лице на под и заврзан во лисици. Се слуша како тој моли да добие вода и ја повикува неговата баба.
Според шефот на полицијата, Крис Магнус, службениците не употребиле давење на задржаниот како во случајот со Флојд, но дека тие ги нарушиле правилата со држење на жртвата во неподвижна состојба по што Лопез добил срцев напад и починал на лице место. Додека бил во неподвижна состојба, Лопез се жалел дека не може да дише.
Се дознава дека причината за смртта е комбинација од физичко неудопство и срцев удар со употреба на наркотици.
Тројца полициајци вклучени во апсењето си дале оставки уште во вторникот, изјави Магнус.
Многукратните смртни случаи за време на апсење поради полициската бруталност и употреба на прекумерна сила е причина за бранот протести што ја зафати целата земја, а кои почнаа при крајот на мај со убиството на Џорџ Флојд во Минесота.
Активистите бараат распуштање на градските и државни полициски служби и реформи на безбедносните органи на јавниот поредок на федерално ниво. кб/сд/

Tucson Police speak on in-custody death

LIVE: Tucson Police Chief Chris Magnus and Mayor Regina Romero are holding a news conference on a man who died in TPD custody in April. City and police officials waited two months after the incident to disclose it to the public. https://on.kgun9.com/3hYl07k*WARNING: This news conference may include disturbing information and video*

Posted by KGUN 9 On Your Side on Среда, 24 јуни 2020

Back to top button
Close
Close