КултураКултура.Портал

Остануваат уште неколку денови од конкурсот „Антево перо“

Остануваат помалку од десет дена од Конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ за 2020 година, потсети Меѓународната поетско културна манифестација „Анте Поповски - Антево перо“.

Скопје, 17 август 2020 (МИА) – Остануваат помалку од десет дена од Конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“ за 2020 година, потсети Меѓународната поетско културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.

Наградата, наведуваат, се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавена збирка песни на македонски јазик, а е востановена во чест на современиот македонски поет, академик Анте Поповски.

Сите кои планираат да ги испратат своите ракописи можат да ги испратат на email адресата antevopero@gmail.com заклучно со 25 август, а за детали околу конкурсните пропозиции и рокови можат да се информираат на фејсбук страницата Антево перо.

– Основната мисија на оваа награда е популаризација на поетскиот книжевен жанр, поттикнување на младите поети кои творат и се остваруваат на македонски јазик и афирмација и популаризација на нивните дела, се вели во соопштението.

Овогодишниот Конкурс, како што наведуваат, досега привлече голем број на творци кои го посакуваат признанието што го носи името на великанот на македонската поетска мисла, Анте Поповски. – Меѓу оние кои доставиле свои стихозборки, има автори што одамна ја имаат потврдено својата книжевна вредност, авторитет и квалитет и кои многупати биле наградувани или се закитиле со некое еснафско признание, но и талентирани поетски пера, чие што време допрва надоаѓа.

– Организаторите се особено среќни што меѓу пристигнатите поетски ракописи има и неколку книги од млади автори, кои со оглед на годините освен за наградата Антево перо“имаат привилегија да бидат во конкуренција и за наградата „Антев часовник“, востановена лани за поети до 25 години, со цел дополнително да се стимулира творештвото на најмладите наши таленти, се вели во соопштението. мс/са/

Back to top button
Close
Close