Некатегоризирано

Останува во сила тужбата против Трамп за нелегален профит од неговиот луксусен хотел во Вашингтон

Американскиот федерален Апелациски суд донесе пресуда дека останува во сила тужбата против американскиот претседател Доналд Трамп, како прв човек на државата, за нелегално профитирање од неговиот луксузен хотел во Вашингтон, пренесоа американските медиуми.

Вашингтон, 15 мај 2020 (МИА) – Американскиот федерален Апелациски суд донесе пресуда дека останува во сила тужбата против американскиот претседател Доналд Трамп, како прв човек на државата, за нелегално профитирање од неговиот луксузен хотел во Вашингтон, пренесоа американските медиуми.

Во судска постапка, поднесена од државата Мериленд и округот Колумбија, во која се наоѓа Вашингтон, се тврди дека Трамп го прекршил Уставот на САД со тоа што примал профит од странски и домашни службеници кои престојувале во неговиот хотел „Трамп Интернешенел“.

Се очекува пресудата на Четвртиот американски окружен апелациски суд од Ричмонд да ги забрза напорите за добивање финансиска евиденција што покажува колку домашѓната и странските влади му платиле на хотелот на Трамп за да престојуваат или да одржуваат митинзи во него.

Окружниот судија претходно одбиваше да ја отфрли тужбата против Трамп, но во јули 2019 година, тричлена комисија на судии од Четвртиот Апелациски суд заклучија дека на Мериленд и округот Колумбија им недостасува можност да продолжат со барувањата против претседателот.

Таа одлука беше поништена од судиите на Апелацискиот суд.

Со одлуката, изгласана со девет наспроти шест гласа, поделениот суд утврдил дека тричлениот судиски совет ги надминал своите овластувања кога наредил отфрлање на тужбата. сд/

Back to top button
Close
Close