БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Останете обединети, ова не е време за политика, порача американската амбасадорка во Тирана

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким ја пофали соработката меѓу албанскиот претседател Илир Мета, премиерот Еди Рама и лидерот на демократите, Љуљзим Баша, во борбата против Ковид-19.

Тирана,7 април 2020 (МИА) – Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким ја пофали соработката меѓу албанскиот претседател Илир Мета, премиерот Еди Рама и лидерот на демократите, Љуљзим Баша, во борбата против Ковид-19.

Преку објава на Твитер, таа порачува дека не е време да се води политика, туку „да останеме обединети бидејќи тоа е единствениот начин да се бориме против пандемијата“.

„Разговарав со претседателот Илир Мета, премиерот Еди Рама и лидерот на демократите Љуљзим Баша за да ги пофалам за нивната соработка во борбата против Ковид-19. Сега не е време да се води политика. Војната не може да се добие без соработка и дисциплина, како од политичките лидери така и од народот“, напиша таа.

Таа додава дека разговарала и со министерката за здравство Огерта Манастирлиу и изрази пофалба до неа и до здравствените работиници за максималната пожртвуваност во борбата со коронавирусот.

Ким упати порака и до граѓаните дека во овие моменти најзначајно е сите да продолжат да седат дома. вт/ссм/

Back to top button
Close
Close