Дописници МКДОпштински вести

Основното училиште „Елпида Караманди“- Битола со подобрени услови за работа

Градоначаланикот на Општина Битола Наташа Петровска изврши увид на реализираните нови инфраструктурни зафати во основното училиште „Елпида Караманди“ кои се вршеа со директна финансиска поддршка на локалната самоуправа.

Скопје, 4 февруари 2020 (МИА)Градоначаланикот на Општина Битола Наташа Петровска изврши увид на реализираните нови инфраструктурни зафати во основното училиште „Елпида Караманди“ кои се вршеа со директна финансиска поддршка на локалната самоуправа.

Со буџетски средства, целосно се реновирани соблекувални и помошни простории во спортската сала на училиштето, истакна градоначалничката Петровска за време на посетата на основното училиште „Елпида Караманди“ во овој град.

-Вложени се 750.000 денари со кои заменети се водоводната и одводната инсталација, санитарија, извршено е бојадисување и други интервенции. Овој инфраструктурен зафат се врши по пауза од 40 години и го сметам за нов почеток кој Општина Битола дополнително ќе го поддржи бидејќи веќе е подготвена јавна набавка во висина од 2,5 милиони денари за целосно реконструирање на санитарните јазли во училиштето, истакна Петровска.

ОУ „Елпида Караманди“ долг временски период работи со блокирани сметки, но откако Општина Битола помогна и ги плати сметките, односно вкупниот долг од  500.000 евра, сега можеме да купиме и креди за учениците и да пишуваат на табла, посочи Татјана Дамчевска, директорка на ОУ „Елпида Караманди“ во Битола.

-По деблокадата почнавме да планираме, а прва активност беше реновирањето на спортската сала бидејќи ја користат 746 ученици кои изведуваат настава по физичко воспитание. По четири децении оваа локална власт помогна за реконструкција на училиштето чија зграда е во лоша состојба, а наскоро ќе треба да се променат кровот, подовите и други интервенции. Наследениот вкупен долг од околу 500.000 евра ако не постоеше ние ќе направевме ново училиште, но ова е реалната ситуација и ние продолжуваме со нашата мисија, нагласи Дамчевска, директор на ОУ „Елпида Караманди“-Битола.мт/скс/

 

Back to top button
Close
Close