Видео изјаваОпштински вестиСкопје

Основните училишта во Општина Гази Баба подготвени за безбеден почеток на учебната година

Сите 11 основни училишта во Општина Гази Баба се подготвени за почеток на новата учебна година.

Скопје, 18 август 2020 (МИА) – Сите 11 основни училишта во Општина Гази Баба се подготвени за почеток на новата учебна година.

Ова го истакна градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски по завршениот увид на сите основни училишта во територијата на општината. Тој посочи дека училиштата се подготвени за одржување на двата модела на настава: и онлајн и со физичко присуство.

– Електронските платформи за електронско учење, се веќе готови и веќе се прикачуваат на интернет страниците на училиштата. Подготовките за физичкото присуство се исто така во завршна фаза. Преку заеднички насоки, препораки и совети направивме добра стратегија со мојот тим, директорите и експерти од оваа област, како ќе се дејствува од 1 септември, без разлика на моделот на настава – со една единствена цел, безбеден почеток на учебната година, рече Георгиевски.

Тој најави дека оваа недела ќе бидат готови и протоколите за сите основни училишта одделно кои ќе им бидат презентирани на родителите. Дополнително на ова, секое училиште ќе има посебен план за дезинфекција и шема за движење низ училиштето.

– Покрај ова, направив увид и во градежните работи во секое училиште кои се во завршна фаза. За нас, инвестициите во квалитетен образовен процес и подобри услови се учениците, се вложување во квалитетна иднина. Ние ги преземавме сите неопходни мерки за заштита на учениците, но тука најголема поддршка ни треба од родителите. Секој од вас е потребно да разговара со своето дете и да го подготви за новата состојба во која би се одржувала наставата. Иднината и безбедноста на младите генерации за мене се најважни, затоа сите треба да дадеме се од себе за да имаме безбеден образовен процес, изјави Георгиевски. фф/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close