0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитикаХроникаХроника.Портал

Основен кривичен суд: Предупредувањата на судот за евентуални обиди за одолговлекување на предметот „ТНТ“ денеска излегоа на виделина

Предупредувањата на Кривичниот суд за евентуални притисоци и закани, како и обиди за одолжување на постапката во предметот „ТНТ“, а за кои Судот побара да бидат преиспитани од надлежните институции, денеска излегоа на виделина, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Скопје, 13 јануари 2020 (МИА) – Предупредувањата на Кривичниот суд за евентуални притисоци и закани, како и обиди за одолжување на постапката во предметот „ТНТ“, а за кои Судот побара да бидат преиспитани од надлежните институции, денеска излегоа на виделина, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Судот го објави соопштението веднаш по одложувањето на денешното рочиште за „ТНТ“, откако еден од членовите на судечкиот совет си дал неотповиклива оставка, а случајот се врати од почеток.

– Судијата поротник кој изминативе денови беше постојано прозиван, па дури му беше и посочено дека ако се појави во судот прави кривично дело, денеска до судот достави неотповиклива оставка во која наведува дека заради истек на мандат, навршени години и нарушено здравје поднесува оставка. Судот во секој случај ќе ја почитува волјата на судијата поротник и ќе го извести Судскиот совет, се вели во соопштението од Судот.

Судот наведува дека согласно неговите законски надлежности и овластувања, ќе продолжи со постапување по предметот и заради тоа е обезбеден нов поротник, како и резервен поротник, а сè со цел заштита на правата на обвинетите и оштетените во постапката, почитување на начелото за судење во разумен рок и јавниот интерес за предметот.

– Во тој правец судечкиот совет на одбраната ѝ понуди, доколку не сакаат непотребно да ја одолжат постапката, да прифати судењето да почне формално од почеток со читање на доказите заради запознавање на новиот поротник, а без нивно повторно изведување за што веќе има воспоставена пракса со нивните колеги адвокати во предметот на јавноста познат како „Еразмус“, стои во соопштението.

Во интерес на утврдување на фактичката состојба, како и правдата и правната држава, Кривичниот суд, се вели во соопштението, продолжува да постапува по сите предмети, сè во интерес на странките во постапките, а останува на надлежните институции да се произнесат околу сите барања и предлози на судот како да се надминат недостатоците во законите со кои се регулира статусот на судиите поротници кои ја претставуаат граѓанската одговорност во судските одлуки. аа/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close