0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Османи – Захариева: Да се интензивира политичкиот дијалог на сите нивоа

Потребно е интензивирање на политичкиот дијалог на повеќе нивоа меѓу С. Македонија и Бугарија во претстојниот период, се согласиле во денешниот телефонски разговор министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Екатерина Захариева.

Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Потребно е интензивирање на политичкиот дијалог на повеќе нивоа меѓу С. Македонија и Бугарија во претстојниот период, се согласиле во денешниот телефонски разговор министрите за надворешни работи на двете земји Бујар Османи и Екатерина Захариева.

Захариева, како што соопшти МНР, му упати честитки на Османи за изборот за шеф на дипломатијата и му посака успех во вршењето на должноста.

Министерот Османи ја потенцираше важноста која Северна Македонија ја придава на продлабочување на пријателските односи со соседна Бугарија, од заемен интерес за граѓаните на двете земји, за регионалната динамика на добрососедски односи и евроинтеграциските процеси, се наведува во соопштението од МНР. са/скс/

Back to top button
Close
Close