0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Османи: Време е да се отворат границите без ограничувања

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил напиша дека е време да се отвораат границите без никакви ограничувања.

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на неговиот Фејсбук профил напиша дека е време да се отвораат границите без никакви ограничувања.

– Време е да ги отвориме аеродромите и границите без ограничувања!“, напиша вицепремиерот Османи.

Можноста за целосно отворање на границите без сегашните услови, односно задолжителен ПСР тест и самоизолација ќе биде тема на разговорот со Комисијата за заразни болести и денеска, по што ќе се донесе соодветна одлука.

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање во нормала на организираниот превоз на патници од и во подрачјето на општина Тетово.фф/лв/

 

 

 

Back to top button
Close
Close