0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Османи: Во најскоро време експертските комисии со Грција и Бугарија продолжуваат со работа

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари одвоени средби со македонските членови на трите билатерални комисии и тоа на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања со Грција; на Меѓународната група на експерти за имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци со Грција, како и на Заедничката мултидисциплинарна експертска Комисија за историски и образовни прашања со Република Бугарија.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари одвоени средби со македонските членови на трите билатерални комисии и тоа на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања со Грција; на Меѓународната група на експерти за имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци со Грција, како и на Заедничката мултидисциплинарна експертска Комисија за историски и образовни прашања со Република Бугарија.

– Веќе подолг период, соочени со предизвиците од Пандемијата и последните парламентарни избори, од објективни причини се забави работата на комисиите. Имајќи ја предвид важноста на овие теми, нашиот приоритет за активен придонес во продлабочување на добрососедските односи, а во согласност со Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, очекуваме овие комисии да продолжат со работа, да имаме еден вид рестарт на нивните активности, и со тоа да се придонесе во надградбата на довербата, истакна Османи, упатувајќи благодарност до членовите не Комисиите за нивната досегашна работа и постигнатите резултати.

Како што соопшти Миниството за надворешни работи, Османи посочи дека се преземаат сите потребни активности и подготовки во најскоро време на комисиите да им биде овозможено продолжат со работа, а што ќе биде предмет на координација со нашите пријатели од соседството. сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close