БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Османи: Владата на Хоти не ја претставува волјата на граѓаните на Косово

Претседателката на Собранието на Косово и потпретседателка на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Вјоса Османи вели дека новата Влада која се формира денеска и која ќе ја води нејзиниот сопартиец Авдулах Хоти, не ја претставува волјата на косовските граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 3 јуни 2020 (МИА) – Претседателката на Собранието на Косово и потпретседателка на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Вјоса Османи вели дека новата Влада која се формира денеска и која ќе ја води нејзиниот сопартиец Авдулах Хоти, не ја претставува волјата на косовските граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Османи, која од почетокот се противеше на уривањето на досегашната влада на лидерот на Движењето самоопределување, Албин Курти, владата на Хоти е „зависна од Белград“, односно од гласовите на пратениците на партијата Српска листа (СЛ), а е формирана од претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Пратеникот на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) Хаџи Шаља, по гласањето во Собранието, изјави дека првично немал намера да го гласа кабинетот на Хоти, но оти го сменил мислењето откако зборувал со неговиот поранешен командант во Ослоботиелната војска на Косово, лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) Рамуш Харадинај и со претседателот Тачи. Тоа, според Вјоса Османи, значи дека Тачи му го обезбедил 61-иот пратенички глас на Хоти за минимално мнозинство во Собранието.

– Во прв ред, една влада која зависи од Белград и на која 61-иот глас ѝ го обезбеди претседателот Тачи, никогаш не може да ја претставува волјата на граѓаните, изјави Османи за медиумите пред зградата на Собранието.

Парламентарната спикерка порача дека Тачи никогаш не бил нејзино „политичко семејство“.

– Мое политичко семејство никогаш не бил и нема да биде Хашим Тачи. Мое семејство ќе биде народот на Косово, изјави Османи.

Уште двајца други пратеници на ЛДК не гласаа денеска за новиот кабинет на Хоти, во кој има министри и од ААК, Нисма, СЛ и Групата 6 плус, односно партиите на другите немнозински етнички заедници. иа/ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close