ПолитикаПолитички партии

Османи: Сојузот на Беса и СДСМ ја дефакторизира важноста на албанските гласови

Овој „сојуз“ познат помеѓу нив или  ова „топење на Беса во СДСМ е на штета на албанските интереси, бидејќи се дефакторизира важноста на албанските гласови, истакна  вицепремиерот за европски прашања  Бујар Османи.

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Овој „сојуз“ познат помеѓу нив или ова топење на Беса во СДСМ е на штета на албанските интереси, бидејќи се дефакторизира важноста на албанските гласови, истакна  денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Според него,  со тој сојуз се дефакторизира важноста на албанските гласови, но пред се, улогата на Охридскиот договор и бадентеровиот механизам за заштитата на албанските интереси.  -Ние денеска сме разочарани заради фактот што тие денеска не постигнаа нивна унификација заради мали лични и групни интереси и нивните одлуки уште повеќе ги дефакторизираат албанските интереси, рече Османи на прес-конференција по денешното официјализирање на коалицијата на Движењето Беса со СДСМ.фф/лв/

Back to top button
Close
Close