0_Web_Актуелно0_Македонија.Портал0_МИА Истражува.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Османи со писмо до Ленарчиќ побара активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита (EU Civil Protection Mechanism)

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска со писмо до Еврокомесарот за кризен менаџмент Јанез Ленерчиќ побара активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита за Република Северна Македонија.

Скопје, 21 март 2020 (МИА) – Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска со писмо до Еврокомесарот за кризен менаџмент Јанез Ленерчиќ побара активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита за Република Северна Македонија.

-Сега засега мерките кои ги презема Владата во справување со пандемијата КОВИД 19 даваат ефикасни резултати, но со оглед на растечкиот број на заболени во земјата, во периодот што претстои, земјата ќе има потреба за дополнителни медицински средства, материјали и опрема за соодветна теренски активности, за кои сметаме на помошта до механизмот за цивилна заштита на ЕУ, стои во писмото.

Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, Република Северна Македонија е членка на Европскиот механизам за цивилна заштита, од каде и претходно, во 2016 година, користеше помош за време на поплавите во скопскиот регион. сст/цр/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close