0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Османи: Сè уште има простор за договор за датум за изборите, медијацијата на Вархеји е добредојдена

Вицепремиерот Бујар Османи се согласува со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји дека се потребни фер, демократски и инклузивни избори, со земање предвид и на состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Сè уште верува дека такви избори се можни на 5 јули. Тој смета дека неговата медијација во утврдување датум за избори не е проблематична, бидејќи, како што вели, со добивањето одлука за почеток на преговорите со ЕУ, земјава веќе станува внатрешно прашање на Унијата.

Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Вицепремиерот Бујар Османи се согласува со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји дека се потребни фер, демократски и инклузивни избори, со земање предвид и на состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Сè уште верува дека такви избори се можни на 5 јули. Тој смета дека неговата медијација во утврдување датум за избори не е проблематична, бидејќи, како што вели, со добивањето одлука за почеток на преговорите со ЕУ, земјава веќе станува внатрешно прашање на Унијата.

– Во однос на медијацијата мислам дека ние веќе стануваме внатрешно прашање на ЕУ со фактот дека добивме одлука за започнување на преговорите и медијацијата, односно помагањето од страна на ЕК не го гледам како прашање на надворешно посредување. Тоа е внатрешно посредување бидејќи ние веќе сме дел од семејството. Тоа е како некој внатре во државата да посредува меѓу одредени политички партии или институциите. Така ја разбирам и улогата на комесарот Вархеи, кој е комесар на Унија каде ние веќе полека стануваме дел. Така што добредојден е тој вид медијација и се надевам дека политичките партии ќе смогнат сили да постигнеме консензус. Се согласувам апсолутно со неговиот твит дека се потребни фер демократски и инклузивни избори, имајќи ги предвид сите околности во врска со пандемијата, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфереција во Владата.

Во врска со уредбата што синоќа ја донесе Владата, а е поврзана со одредени изборни дејства, Османи истакна дека таа се повикува на претходната уредба донесена во март во која беше прекинат рокот за избори.

– Тогаш всушност се одреди дека на денот кога ќе заврши вонредната состојба се враќа редовниот изборен рок, што значи 22 дена по завршување на вонредната состојба. Со донесување на вчерашната уредба всушност направивме само некои прецизирања од аспект на контрола на изборниот список, повикувајќи се на законската норма, но и неколку обврски што треба да ги направи Министерството за здравство за да ги обезбеди заштитните лични средства за ДИК. Се уште се надевам дека комуникацијата помеѓу политичките партии ќе продолжи во идните денови. Сè уште мислам дека има простор за еден правичен инклузивен процес на 5 јули, рече Османи.

Дали вонредната состојба ќе биде продолжена, според Османи, ќе се направи проценка во текот на утрешниот ден. Тој не сакаше да прејудицира каква ќе биде проценката и одлуката на Владата, само рече дека ќе се направи пресек на епидемиолошките трендови и потоа ќе биде изграден став, кој ќе му биде презентиран на претседателот Стево Пендаровски.

Во врска со рамката за преговори со ЕУ, Османи вели дека според информациите со кои располагаат се разговара за одредбите кои треба да ги содржи новата методологија.

Рамката, посочува Османи, е исклучително важен документ за преговорите бидејќи во неа се утврдуваат принципите по коишто ќе се раководат преговорите, суштината, меѓутоа и одредени процедури.

– Во моментов се разговара, бидејќи во оваа фаза ја очекуваме драфт верзијата од страна на Комисијата, која потоа треба да оди во телата на земјите членки, односно на Советот во кои се претставниците на државите членки за тие да ги кажат своите позиции и своите интереси. Нашите информации се дека во моментот се разговара околу новите одредби кои ги предвидува новата методологија пред се во мнозинството и начинот на користење на мнозинството во суспендирање во унапредување на процесот на преговорите…, истакна Османи. сст/са/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close