0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Османи: Се уште има енергија и кредибилност процесот на евроинтеграција

Важна констатација и одлука од денешниот состанок е дека Словенија, словенечкото претседателство, го презема португалскиот предлог и продолжува да работи на него со еден силен одек на поддршка од 26  земји членки којшто е невиден досега во однос на кое било  прашање во Европскиот совет, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) – Важна констатација и одлука од денешниот состанок е дека Словенија, словенечкото претседателство, го презема португалскиот предлог и продолжува да работи на него со еден силен одек на поддршка од 26  земји членки којшто е невиден досега во однос на кое било прашање во Европскиот совет, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според Османи, и по најновата блокада од Бугарија на Советот за општи работи во Луксембург на усвојувањето на преговарачката рамка и старт на преговорите на Унијата со С Македонија и со Албанија,  процесот се уште има кредибилност и преголема енергија.

-Ова не го кажувам за да ги охрабрам граѓаните, меѓутоа  јас бев охрабрен во сето тоа разочарување коешто го имавме денеска читајќи ги извештаите на интервенциите на 26-те земји членки навистина треба да не држи храбри и оптимисти  дека се уште има енергија и кредибилност овој процес и таа енергија е преголема за кој било да ја блокира, рече Османи во гостување на ТВ 21.

Шефот на дипломатијата повтори дека нема алтернатива за нашето членство во Европската унија.

-Гледајте ја мапата на Европа и ќе видите  дека ние таму сме остров. Нема географска и економска логика на која било алтернатива. Тоа  е патот, крајната станица, тоа е шина што води кон еден правец. Прашање е на време кога. Јас мислам дека тие не може да не блокираат колку што ние сме упорни во процесот, рече Османи. лв/вг/

 

Back to top button
Close
Close