
Скопје, 29 јануари 2020 (МИА) – Делегација oд Секретаријатот за европски прашања, предводена од заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска ќе се сретне со претставници на Државниот завод за ревизија на Република Северна Македонија предводени од главниот државен ревизор, Максим Ацевски.
Средбата, како што информираат од СЕП, што ќе се одржи во просториите на Државниот завод за ревизија, е дел од серијата институционални посети на вицепремиерот Османи на институциите задолжени за спроведување на изборите, а со цел остварување на обврската за фер, слободни и компетитивни избори како дел од европската агенда на државата. рп/са/