Дописници МКДОпштински вести

Османи и Челику во посета на Општина Пласница

Отчет пред граѓаните на општина Пласница за сработеното денеска даде градоначалникот Исмаил Јаоски, во присуство на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Нефрус Челику.

Кичево, 30 јануари 2020 (МИА) – Отчет пред граѓаните на општина Пласница за сработеното денеска даде градоначалникот Исмаил Јаоски, во присуство на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Нефрус Челику.

Беа презентирани проектите за локални патишта одобрени од Програмата за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, имплементирани од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во општина Пласница.

Градоначалникот и владините претставници најавија дека и во иднина ќе продолжи поддршката на оваа рурална општина за нејзин побрз развој.рз/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close