0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderНекатегоризираноПолитика

Османи – Гир: Членството во ЕУ нема алтернатива, без разлика на исходот во декември земјава останува посветени на реформите

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари редовна работна средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, на која предмет на разговор беа актуелностите околу усогласувањето помеѓу земјите членки на ЕУ на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија, за Советот на ЕУ што ќе се одржи на 8 декември и за напорите да се надминат пречките од билатерален карактер со Бугарија.

Скопје, 25 ноември 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари редовна работна средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир, на која предмет на разговор беа актуелностите околу усогласувањето помеѓу земјите членки на ЕУ на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија, за Советот на ЕУ што ќе се одржи на 8 декември и за напорите да се надминат пречките од билатерален карактер со Бугарија.

– Особено го цениме активниот ангажман и принципиелниот став на Европската комисија за постигнување консензус помеѓу земјите членки на ЕУ за предлог преговарачката рамка за Северна Македонија и закажувањето на Првата меѓувладина конференција во текот на германското претседателство со Советот на ЕУ до крајот на 2020 година. Пристапниот преговарачки процес за членство во ЕУ нема алтернатива ниту План Б и дека без разлика на исходот на Советот во декември, Северна Македонија ќе остане посветена на спроведување на реформите со ЕУ предзнак и на унапредување на добрососедските односи со сите соседи, вклучително и со Бугарија согласно Договорот за пријателство, истакна Османи, соопшти МНР.

Соговорниците разговараа и за актуелните внатрешно-политички случувања во државата, состојбата со пандемијата предизвикана од Ковид-19, состојбите во регионот, но и за имплементација на постигнатите придобивки од успешното ко-претседателство на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес, стои во соопштението од МНР. вг/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close