0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерПолитика

Османи – Едштадлер: Австрија е најголемиот лобист за евроинтеграција на Западен Балкан

Република Северна Македонија го исполни својот дел од обврските и очекува одлука за почеток на преговорите на пролетните самити на ЕУ, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба во Виена со министерка за Европа на Австрија, Каролине Едштадлер.

Виена, 28 февруари 2020 (МИА) – Република Северна Македонија го исполни својот дел од обврските и очекува одлука за почеток на преговорите на пролетните самити на ЕУ, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба во Виена со министерка за Европа на Австрија, Каролине Едштадлер.

– Западниот Балкан се наоѓа во срцето на Европа, опкружен со земји членки на ЕУ. Еден обичен поглед на мапата покажува дека не се работи за проширување, туку за заокружување, финализација на еден процес на обединување на континентот. Само стабилен, безбеден и просперитетен Балкан е силен гарант за стабилна, сигурна и попросперитетна Европа, нагласи Османи, упатувајќи благодарност до Австрија за континуираната поддршка која ѝ ја обезбедува на Република Северна Македонија, како и на целиот регион, соопшти СЕП.

Новата методологија на преговори, која предвидува засилен мониторинг и можност за реверзибилност, кој ќе го засили принципот на заслуги при преговорите, според него, ѝ одговара на С. Македонија, која како солиден студент ги исполнува реформските обврски. Тоа значи засилени европски интеграции, кои носат придобивки за земјите што напредуваат, и за нивните граѓани, уште при самиот процес на преговори, посочи Османи.

На средбата Османи реферираше и за последните актуелности во земјава, како што е подготвеноста на државата за спроведување фер, слободни и компетитивни избори, како и за успехот во донесувањето на потребните реформски закони, меѓу кои и Законот за ЈО.

– Како земја не само што го исполнивме нашиот дел од обврската, туку и многу повеќе, со што на дело ја демонстриравме нашата автентична реформска определеност и силна поддршка за европската агенда на земјата, посочи Османи, пренесувајќи ги јасните очекувања во земјата, за вистински напредок во европските интеграции на пролетните самити на ЕУ, преку одлука за почеток на преговорите.

Претходно, вицепремиерот Османи имаше средба во Долниот дом на Парламентот со претставници на Комисијата за европски прашања, предводени од претседавачот Рајнхолд Лопатка, а во неговата агенда се предвидени средби и со Барбара Каудел-Јенсен, советничка за надворешна политика на премиерот Себастијан Курц и со Петер Лаунски-Тифентал, генерален секретар при Министерство за надворешни работи на Австрија. са/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close