0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Османи ќе се сретне со шефот на албанската дипломатија Цакај

Министерот за надворешни работи Бујар Османи  денеска ќе има  билатерална средба со овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Скопје, 17 септември 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Бујар Османи  денеска ќе има  билатерална средба со овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Како што соопшти МНР, главни теми на средбата се очекува да бидат соработката меѓу Северна Македонија и Албанија во остварувањето на заедничките стратешки цели за членство во Европската унија, состојбата со билатералните односи и можностите за понатамошната соработка и нивно унапредување, соработката во НАТО, состојбите со актуелната глобална здравствена криза и други прашања од заеднички интерес и значајни за нашиот Регион.

За време на официјалната посета, министерот Цакај ќе биде примен и од претседателот на Собранието  Талат Џафери, од претседателот на Владата на Зоран Заев и од други високи претставници на државата. дма/са/

 
 

Back to top button
Close
Close