0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

Османи: ДУИ е за што побрзо организирање на избори

Вицепремиерт за европски прашања и функционер во Владата од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска изјави дека неговата партија е за одржување избори што побрзо доколку со нив не се загрози здравјето на граѓаните.

Скопје, 17 мај 2020 (МИА) – Вицепремиерт за европски прашања и функционер во Владата од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска изјави дека неговата партија е за одржување избори што побрзо доколку со нив не се загрози здравјето на граѓаните.

– Ние сме за што побрзо организирање на изборите затоа што сметаме дека на државата и требаат институции со целосна можност за одлучување и политички капацитет. Важно е да не се загрози дополнително здравјето на граѓаните и логистичките услови да бидат исполнети, рече Османи, одговарајќи на новинарски прашања при претставувањето на третиот пакет економски мерки во седиштето на ДУИ.

На утрешната лидерска средба за датум за одржување на предвремените парламентарни избори, како што потенцираше Османи, ќе се разговаат сите аспекти и ќе се обидат да бидат најконструктивниот фактор.

Претераното одложување на изборите не е во интерес на никого, ниту на владејачките, ниту на опозициските партии, а најмалку на државата, смета Османи.лв/

Back to top button
Close
Close