0_Спорт.ПорталФудбал

Осма победа во низа за Баерн

Екипата на Баерн Минхен ја забележа осмата победа по ред и вкупно 10-та на 11 натпревари одиграни оваа сезона.

Келн, 31 октомври 2020 (МИА) – Екипата на Баерн Минхен ја забележа осмата победа по ред и вкупно 10-та на 11 натпревари одиграни оваа сезона.

Во 6. коло од германската Бундеслига, Баерн попладнево го совлада Келн на гостински терен со 2:1.

Десетте победи Баерн ги забележа против: Шалке, Севиља, Борусија Дортмунд, Херта, Дирен, Арменија, Атлетико, Ајнтрахт Франкфурт, Локомотив и Келн.

Единствено беше поразен од Хофенхајм.

По шест кола во Бундеслигата, Баерн е лидер на табелата со 15 бодови, исто колку што има и Борусија Дортмунд. зс

Таг
Back to top button
Close
Close