0_Македонија.ПорталДописници МКД

„Јосифовско лето“ годинава нема да се одржи

Традиционалната јубилејна, 30 по ред, културно спортска манифестација „Јосифовско лето“ која се организираше во втората половина на август, поради корона кризата годинава е откажана, соопштија организаторите.

Гевгелија,19 август 2020(МИА) – Традиционалната јубилејна, 30 по ред, културно спортска манифестација „Јосифовско лето“ која се организираше во втората половина на август, поради корона кризата годинава е откажана, соопштија организаторите.

-Одбележувањето на големиот јубилеј, кој годинава требаше да биде пропратен со голем број на културни и спортски настани, со сите свои специфики и масовна посетеност, одлучивме да го одложиме имајќи во предвид дека сега приоритет мора да биде грижата за јавното здравје, се вели во соопштението од организаторот.

Сите предвидени културно уметнички настани во рамки на манифестацијата, како и јубилејниот турнир во мал фудбал, велат организаторите, на уште поголем начин ќе ги одбележиме во месец август следната година.

Покрај ова, организаторите информираа дека во фаза на подготовка е монографија на тема 30 години турнир во мал фудбал во Јосифово, која ќе опфаќа и дел со кој се одбележува сто годишнината од постоењето на населеното место. им/бк/

Back to top button
Close
Close