Дописници МКДОпштински вести

Оштетено монтажното лизгалиште на тетовскиот плоштад

Оштетено е монтажното лизгалиште на плоштадот во Тетово, кое е во фаза на поставување. Дел од алуминиумската ограда е изгорена.

Тетово, 8 јануари 2020 (МИА) – Оштетено е монтажното лизгалиште на плоштадот во Тетово, кое е во фаза на поставување. Дел од алуминиумската ограда е изгорена.

-Во СВР Тетово било пријавено дека избувнал пожар на градскиот плоштад во Тетово, при што бил зафатен дел од пластичната ограда на новоизградено лизгалиште. Со интервенција на тетовската Територијална противпожарна служба, пожарот за кусо време целосно е локализиран. На местото на пожарот увид извршила екипа од СВР Тетово, информираше Марјан Јосифовски, портпаролот на СВР Тетово.

Поставувањето на монтажни спортски лизгалишта е проект што го спроведува Агенцијата за млади и спорт. Тетово е еден од седумте градови предвидени за поставување, односно монтирање на лизгалиште.ас/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close