Дописници МКДОпштински вести

Оштетени икони и украдени предмети во црквата Свети Георгиј во Мала Речица

Во тетовската полиција вчера е пријавено дека во црквата Свети Георгј Победоносец во Мала Речица е извршена кражба и оштетувања на иконите.

Тетово, 22 февруари 2021 (МИА) – Во тетовската полиција вчера е пријавено дека во црквата Свети Георгј Победоносец во Мала Речица е извршена кражба и оштетувања на иконите.

– На 21 февруари во 10 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека во периодот од 14 до 21 февруари годинава непознати сторители со употреба на сила влегле во црквата „Свети Ѓорѓија Победеносец“ во тетовска Мала Речица, при што оштетиле икони и одзеле неколку предмети. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Овој верски објект беше целосно изгорен во 2001 година, а повторно изграден 10 години подоцна. ас/см/

Back to top button
Close
Close