Svet.SlajderСветСвет.Портал

Јошиде Суга најави можни парламентарни избори во Јапонија доколку го наследи премиерот

Шефот на кабинет на јапонскиот премиер, Јошиде Суга, ја навести можноста од одржување предвремени парламентарни избори, доколку биде избран за нов премиер на земјата.

Токио, 8 септември 2020 (МИА) – Шефот на кабинет на јапонскиот премиер, Јошиде Суга, ја навести можноста од одржување предвремени парламентарни избори, доколку биде избран за нов премиер на земјата.

Британските медиуми пренесуваат дека Суга во интервју за  весникот „Асахи“ изјавил дека неговиот став за тоа што луѓето најмногу сакаат од владата нема да се промени доколку тој стане премиер, а тоа е да се фокусира на мерките за борба против пандемијата.

-Но, премиерот има право да го распушти парламентот (и да распише предвремени избори). Ако следниот премиер одлучи да ги одржи, тие и треба да се оддржат. Ако не, тоа нема да се случи, рече тој. сд/

 

Back to top button
Close
Close