0_Спорт.ПорталТенис

Осака се справи со Квитова на стартот на завршниот турнир во Шенжен

На тој начин Јапонката се најде на врвот во групното рангирање, а тоа беше првиот натпревар на завршниот турнир за жени во кој учествуваат најдобрите осум.

Шенжен, 27 октомври 2019 (МИА) – Наоми Осака ја совлада Петра Квитова по 7:6 (1), 4:6, 6:4 во средбата на Црвената група на завршниот ВТА турнир во Шенжен.

На тој начин Јапонката се најде на врвот во групното рангирање, а тоа беше првиот натпревар на завршниот турнир за жени во кој учествуваат најдобрите осум.

Тоа беше втор натпревар помеѓу двете тенисерки на турнејата и втора победа за Јапонката.

Таг
Back to top button
Close
Close