0_Спорт.ПорталФудбал

Ориги на зима може да го напушти Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги може да ги смени клупските бои во јануари, објави „LiverpoolEcho“.

Ливерпул, 30 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги може да ги смени клупските бои во јануари, објави „LiverpoolEcho“.

Според изворот, 25-годишниот Белгиец сака да добие поголема минутажа за играње и тоа е причината да размислува за заминување.

Во сезоната 2020/21, Ориги учествуваше на три натпревари за Ливерпул, посигна еден гол и една асистенција.

Transfermarkt.com ја проценува вредноста на напаѓачот на 16 милиони евра. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close