0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Организаторите на шпанското Гран при подготвени да одржат трка во текот на летото

Директорот на Формула 1 трката во Барселона, Хоан Фонсер изјави дека преговара со раководството на натпреварувањето, за одржување на сесија во текот на летото.

Барселона, 28 април 2020 (МИА) – Директорот на Формула 1 трката во Барселона, Хоан Фонсер изјави дека преговара со раководството на натпреварувањето, за одржување на сесија во текот на летото.

– На Формула 1 му понудивме можност да организираме трка во текот на летото. Имаме 30-годишно искуство во спроведување трки и многу погодно место во однос на логистиката. Ние сме во постојан контакт со раководството на тркачката серија и разговараме за нов датум. Како што рече шефот на Формула 1 Чејс Кери, тој сака да ја започне сезоната во Европа во јули или август. Ние сигурно ќе бидеме подготвени, изјави Фонсер.

На прашањето дали има незгодни датуми за нив, одговори дека нема.

– Во август, сите обично се релаксираат во Шпанија, но годинава веројатно ќе има исклучок поради коронавирусот. Можеме да организираме трка за 2-3 недели, особено затоа што без навивачите сè ќе биде полесно да се договориме.

Шпанското Гран при требаше да се одржи на 10 мај, но беше одложено поради пандемијата на коронавирус. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close