Дописници МКДОпштински вестиОстанатоСпорт

Орешкова која го освои Европскиот куп во кик-бокс на прием кај кавадаречкиот градоначалник

Освојувачот на Европскиот куп во кик-бокс, Олгица Орешкова, главниот тренер Александар Ристовски и помошник тренерот Мартин Димитриовски, денеска беа примени во кабинетот на градоначалник од Кавадарци, Митко Јанчев.

Кавадарци, 22 јуни 2021 (МИА) Освојувачот на Европскиот куп во кик-бокс, Олгица Орешкова, главниот тренер Александар Ристовски и помошник тренерот Мартин Димитриовски, денеска беа примени во кабинетот на градоначалник од Кавадарци, Митко Јанчев.

-Олгица е победник во категоријата кик-лајт, до 50 килограми. Во иднина и посакуваме уште поголеми успеси, а општината Кавадарци и понатаму ќе продолжи да дава поддршка на сите спортски клубови и дисциплини, информираат од кабинетот на градоначалникот.

Осумнаесет годишната Олгица е член на клубот „Будо” Кавадарци и е победник на Европскиот куп кој се одржа во Белград, на кој учествуваа 13 земји.свд/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close