0_Спорт.ПорталКошарка

Џордан: Единствени против расизмот, доволно беше

Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан, повика на единство по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полициски службеник во Минеаполис и немирите што следуваа со пораката дека расизмот е неприфатлив.

Шарлот, 1 јуни 2020 (МИА) – Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан, повика на единство по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полициски службеник во Минеаполис и немирите што следуваа со пораката дека расизмот е неприфатлив.

– Јас сум длабоко тажен, искрено во болка и многу лут. Гледам и чувствувам сечија болка, гнев и фрустрација. Стојам со оние кои се спротивставуваат на расизмот и насилството врз луѓето со различна боја во нашата кожа. Доста беше, рече Јордан во писмената изјава.

Најдобриот кошаркар на сите времиња додаде дека во овој момент, секој мора да покаже сочувство и да продолжи мирно да го изразува своето незадоволство од неправдата.

– Нашиот обединет глас мора да изврши притисок врз властите да создадат системски промени. Секој од нас мора да биде дел од решението и ние мора да работиме заедно за да обезбедиме правда за сите, додаде легендарниот кошаркар.

Џордан освои шест титули во НБА, а во моментов е сопственик на клубот Шарлот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close