Политички партии

Ѓорчев: Владата целосно потфрли со справување со корона вирусот, неделно имам 2000 заразени и 200 починати

Состојбата е катастрофална и нема зборови кои што ќе можат тоа да го ублажат, да го разубават или владини мерки какви што не се носат а кои што ќе можат да ја подобрат ситуацијата. Значи Македонија прво има најмногу починати на еден милион жители на Балканот, никој не е полош, меѓу најлошите сме во Европа, а последните неколку недели сме најлоши во Европа никој друг не е полош од нас и тоа граѓаните го плаќаат со нивните животи, вели Владимир Ѓорчев поранешен пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија на ТВ Алфа „Добро утро, секое утро“.

Back to top button
Close
Close