ПолитикаПолитички партии

Ѓорчев: Пустошење и иселување и се случува на Македонија

Пустошење и иселување и се случува на Македонија за време на овој заевизам кој го имаме, обвини денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев.

Скопје, 21 јануари 2020 (МИА) – Пустошење и иселување и се случува на Македонија за време на овој заевизам кој го имаме, обвини денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев.

-Вчера заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија Ото Граф кажа дека минатата година околу десет илјади граѓани на Македонија добиле работни визи за Германија. Тоа е фрапантен и страшен податок, рече Ѓорчев, додавајќи дека тоа е пораз на сите владини политики.

Ѓорчев посочи дека македонските граѓани се иселуваат и во Канада, Австралија, САД, во скандинавските држави, Австрија, Малта, Словенија, Хрватска…

-На Македонија и се случува невиден егзодус како никогаш во досегашната историја и Македонија станува пуста и празна земја, заклучи Ѓорчев. Потсети дека во 2016 година во првите девет месеци во нашата држава се родиле 17.400 бебиња, а во 2019 година во првите девет месеци се родиле 14.600 бебиња. Додаде дека е намален бројот на ученици во основните и во средните училишта.

Македонија, како што рече, буквално исчезнува, си заминуваат луѓе од сите националности и краишта. Сето ова, како што потенцира, зборува за политиките на Зоран Заев и неговите 28 министри кои не донесоа ниту една инвестиција, фабрика во Македонија. мд/фф/

Изјава на пратеникот Ѓорчев

Posted by MИА.mk on Вторник, 21 јануари 2020

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close