0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Ѓорчески: Неверојатни резултати на репрезентацијата со оглед на состојбите во одбојката

Македонската одбојкарска легенда Владимир Ѓорчески-Ципа се радува заедно со целокупната македонска јавност за прикажаните игри и резултатите на репрезентацијата на Европското првенство. Двете историски победи според него се голем успех со оглед дека со години наназад во одбојката во целата држава нема добри состојби. Ѓорчески вели дека мора да се работи на создавање на нови играчи кои би ги продолжиле успесите.

Back to top button
Close
Close