Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Орбан: Унгарија под оклоп го чека вториот бран на епидемијата на коронавирус

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска изјави дека неговата земја „под целосен оклоп“ го очекува вториот бран на епидемијата на коронавирус.

Будимпешта, 4 септември 2020 (МИА) – Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денеска изјави дека неговата земја „под целосен оклоп“ го очекува вториот бран на епидемијата на коронавирус.

Во неделното интервју за Радио Кошут, Орбан рече дека неговата влада мора да се фокусира на спасување животи, особено стари лица, како и обезбедување на потребните услови за училиштата и зајакнување на економијата.

Тој апелираше до младите да ги следат превентивни мерки, додавајќи дека животот на нивните родители и баби и дедовци, пред сè, зависи  од нив.

Според МТИ, Орбан вели дека меѓу 1,7 и 1,8 милиони жители на Унгарија пополниле консултативен прашалник за превентивните анти-епидемиски мерки, кои им биле доставени од властите. ссм/

Back to top button
Close
Close