Фудбал

Ѓорѓев во Грасхоперс до 2022 година

Никола Ѓорѓев, останува верен на Грахоперс. Македонскиот репрезентативец и швајцарскиот второлигаш се обврзаа на дополнителни две години соработка. Според потпишаниот договор денеска, оваа соработка најмалку ќе трае д 2022 година.

Цирих, 21 февруари 2020 (МИА) – Никола Ѓорѓев, останува верен на Грахоперс. Македонскиот репрезентативец и швајцарскиот второлигаш се обврзаа на дополнителни две години соработка. Според потпишаниот договор денеска, оваа соработка најмалку ќе трае д 2022 година.

Ѓорѓев потекнува од младинските школи на славниот швајцарски клуб од минатото. Дебито во сениорскиот тим го имаше во 2017 година, како 17 годишен играч. Од тогаш настапи во 66 меча за Грасхоперс, во кои постигна девет гола и забележа шест асистенции.

Ѓорѓиев досега двапати беше позајмуван од Грасхоперс. Есенскиот дел во сезоната 2017/18 ја мина во Твенте, а пролетниот во екипата на Арау. За македонската млада репрезентација одигра 12 меча во кои реализира и два гола, а за „А“ тимот одигра пет натпревари, но сè уште го чека првенецот. сѓд/оџ

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close