Дописници МКДОпштински вести

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот – Куманово со мотоклубот „Мечки“ организира едукативни предавања

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во соработка со мотоклуб „Мечки“ одржаа едукативно предавање, наменето за возачите на мотори.

Куманово, 18 август 2020 (МИА) – Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во соработка со мотоклуб „Мечки“ одржаа едукативно предавање, наменето за возачите на мотори.

Предавањето, соопштија денеска од општинскиот совет, има за цел да ја зајакне свеста кај возачите и останатите учесници во сообраќајот за почитување на правилата и прописи. Предавањето е дел од кампањата која општинскиот совет ја спроведува со републичкиот, насловена „Безбедно лето 2020 – #ВОЗИ ОДГОВОРНО“.

Организаторите појаснуваат дека во летниот период кампањите првенствено се насочени за безбедно управување на мопеди, влијание на заморот, почитување на правилата, непрописно претекнување, возење без возачка дозвола.

Кумановската полиција во соработка со мотоклуб „Мечки“ одржа и поука за мотоциклисти кои сториле сообраќајни прекршоци, а ја следеа и други заинтересирани граѓани

– Во рамки на истата кампања организиравме сообраќајна поука во соработка со мотоклуб „Мечки“, за учесници во сообраќајот мотоциклисти кои не носеле заштитна опрема, имавме видео презентација-изјави Бојан Петковски од општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Претходно, општинскиот совет во соработка со РСБСП спроведоа активности за безбедно учество во сообраќајот во летните месеци. Пораката којашто беше испратена до возачите е да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот, да не патуваат во денот кога температурите се највисоки особено внимателни да бидат повозрасните возачи, оние кои имаат кардиоваскуларни заболувања, хронични болести да избегнуваат патување во делот од денот кога температурите се највисоки, да внимаваат на постепена климатизација на температурата во возилото и надвор од него. ам/мс/

Back to top button
Close
Close