0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Општински кризен штаб побара од Владата воведување кризна состојба во Куманово, контролен режим за влез и излез

Општинскиот кризен штаб Куманово на денешната 17-та седница побара од Владата да прогласи кризна состојба во Куманово и да воведе посебен контролен режим на влезовите и излезите од градот.

Куманово, 1 април 2020 (МИА) – Општинскиот кризен штаб Куманово на денешната 17-та седница побара од Владата да прогласи кризна состојба во Куманово и да воведе посебен контролен режим на влезовите и излезите од градот.

– Бараме од Влада на Република Северна Македонија да прогласи кризна состојба во Општина Куманово и да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези во градот со контролни пунктови, со цел да се примени Акцискиот план на Центарот за управување со кризи и спречување на несакано ширење на епидемија вон и кон градот- се вели во соопштението на штабот.

Од општинскиот кризен штаб ги повикаа станбените домари да извршат дезинфекција на заедничките простории на зградите.

Повикувајќи се на законските одредби согласно Законот за домување каде е наведено дека управителот има право и обврска да се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови, од Општински штаб за заштита и спасување бараат во целост да се испочитуваат законските регулативи, особено вршење на дезинфекција, од страна на управителите на станбените згради на територија на општината.ам/см/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close