Дописници МКДОпштински вести

Општинската администрација во Дебар работи со систем на ротација

Заради заштита на здравјето на граѓаните и на вработените, администрацијата на општина Дебар од денес почна со работа со систем на ротација.

Дебар, 29 октомври 2020 (МИА) – Заради заштита на здравјето на граѓаните и на вработените, администрацијата на општина Дебар од денес почна со работа со систем на ротација.

– Согласно донесената одлука од 20 овој месец на Владата на Република Северна Македонија, а согласно со Протоколот за превентивни мерки за сите работни места ( “Службен весник на Република Северна Македонија бр.147/2020) општинската администрација на Општина Дебар од денес работи со систем на ротација, изјави Или Мирзо, секретар на општина Дебар.

Тој воедно додава дека тоа не значи дека оној вработен кој тој ден не физички прустен на работно место, дека не е на работа, туку од дома онлајн ќе ја извршува работата. Наша заложба е, посочува Мирзо, да бидеме секогаш во услуга на граѓаните.

Во адмнистративните служби се вработени 35 лица, додека со технчкиот персонал и Територијалната противпожарна единица вкупниот број варботени во локаланата власт е 75 лица.

Инаку, Оператовниот штаб на Дебар епидемиолошката состојба во оваа и соседната општина Центар Жупа, ја оцени како многу сериозна. Според последно соопштените податоци во двете општини до сега регистрирани се 331 заразено лице, починале 18, додека активни на болеста се 53 лица. вт/оџ

Back to top button
Close
Close