Дописници МКДОпштински вести

Општините од истокот избраа три иновативни проекти

Претставници на 11 општини од источно планскиот регион денеска заеднички избраа три иновативни проекти, што ќе се финансираат од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

Штип, 28 јануари 2020 (МИА) – Претставници на 11 општини од источно планскиот регион денеска заеднички избраа три иновативни проекти, што ќе се финансираат од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

Александар Николов од Центарот за развој на источно планскиот регион појаснува дека на денешната работилница предложени се вкупно шест, а на крајот избрани се три проекти, што ќе бидат доставени до комисијата, која ќе го има последниот збор.

-Првиот проект, кој го предложија е поставување на метереолошки станици за предвидување на болестите, кај земјоделските култури и се бара вакви станици да се постават во сите 11 општини. Вториот проект е „Паметни клупи, соларни дрвја“, целта е да се постават клупи во сите општини, кои по пат на сончева енергија ќе можат граѓаните да си ги полнат своите мобилни телефони и третиот проект е „Развој на капацитетите на лицата со посебни потреби за нивно вработување“, вели Николов.

Вкупниот фонд за шема за поддршка на иновативни проекти за источно планскиот регион за 2020 година изнесува 38.890 швајцарски франци, за еден проект кој треба да се реализира до ноември годинава.

Денешнава работилница ја организираше Бизнис центарот, кој е во рамки на Центарот за развој на Источно планскиот регион.

Николов најави дека на 6-ти февруари ќе го имаат и првиот форум на кој општините, невладините и бизнис секторот ќе предлагаат, а потоа ќе изберат и еден инвестициски проект, кој исто така ќе се финансира преку Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. вдј/цр/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close