Дописници МКДОпштински вести

Општините Делчево и Македонска Каменица ги укина приемните денови

Општините Делчево и Македонска Каменица од денес времено ги укинуваат приемните денови во Секторите и Одделенијата во состав на локалните самоуправи. Целта како што информираат од Општина Делчево е да се превенира појавата и евентуалното ширење на Коронавирусот.

Делчево, 12 март 2020 (МИА) – Општините Делчево и Македонска Каменица од денеска времено ги укинуваат приемните денови во секторите и одделенијата во состав на локалните самоуправи. Целта како што информираат од Општина Делчево е да се превенира појавата и евентуалното ширење на Коронавирусот.

– Како дополнителен механизам кој треба да овозможи и понатаму непречено работење на Општината и во континуитет решавање на проблемите на граѓаните и одговор на нивните барања, се препорачува граѓаните да го користат телефонскиот број на централата на Општина Делчево (033) 411-550 и локалите: за Одделение за урбанизам – локал 115, Сектор за финансии – локал 107; Едношалтерски центар – 114, соопштија од Општина Делчево, се вели во соопштението на Општина Делчево.

Како што додадоа своите барања граѓаните можат да ги достават на официјалниот е-маил info@delcevo.gov.mk, а дополнителни информации и службените контакти на одговорните лица од Општина Делчево можат да добиваат од веб-страницата на Општина Делчево.

Укинувањето на приемните денови и прием на странки, во сите Сектори и Одделенија на локалната самоуправа од денес важи и во Општина Македонска Каменица.

Секојдневна комуникација со Општината, како што додаваат надлежните од оваа општина велат дека ќе продолжи преку приложените официјални e – mail адреси и телефонски броеви, како и на социјалните мрежи преку официјалната страница на Општина Македонска Каменица. вс/оџ/

Back to top button
Close
Close