Дописници МКДОпштински вести

Општина Велес со препораки до граѓаните поради надминување на прагот на загадување

Да не се користи јавен превоз, граѓаните да избегнуваат долготрајна изложеност на отворено, повеќе лица да се возат во едно возило, се дел од препораките против загадувањето на Општина Велес.

Велес, 27 јануари 2020 (МИА) – Да не се користи јавен превоз, граѓаните да избегнуваат долготрајна изложеност на отворено, повеќе лица да се возат во едно возило, се дел од препораките против загадувањето на Општина Велес. Општината денеска излезе со препораките откако во Велес последните три дена беше измерена висока концентрација на честички PM 10, од кои вчера најмногу- 175 микрограми на метар кубен.

Локалната власт им препорача на граѓаните да избегнуваат долготрајна изложеност на отворено, да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време. Освен овие препораки, Општината уште препорачува да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал. Правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците, да се одложат сите активности на отворено

Од Општина Велес информираа дека доколку се зголеми загадувањето во наредите два денаж ќе бидат преземени дополнителни вонредни мерки за што јавноста навремено ќе биде информирана. ад/ир

Таг
Back to top button
Close
Close