Дописници МКДОпштински вести

Општина Велес со оперативен план за заштита од пожари на отворено за претстојното лето

Општинскиот штаб за заштита и спасување од Велес денеска донесе оперативен план за заштита од пожари на отворено за претстојното лето.

Велес, 26 јуни 2020 (МИА) – Општинскиот штаб за заштита и спасување од Велес денеска донесе оперативен план за заштита од пожари на отворено за претстојното лето. 

Како што информираше градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски, велешката територјална противпожарна единица има сериозна обврска затоа што е задолжена за контрола на 1.547 километри квадратни површини од кои 430 се на територија на Општина Велес, 292 се на територија на Општина Градско и дури 825 на територија на Општина Чашка, што е трета по големина на територјалните противпожарни единици во земјата.

Тој информира дека  Општинскиот штаб за заштита и спасување ќе се обрати до  ЈП „Македонски шуми”, Дирекцијата за заштита и спасување и до другите надлежни институции, а со цел претстојната сезона надлежните да ја дочекаат подготвени.

Се надеваме дека ќе одржиме соодветни средби со ловџиите, печуркарите и другите берачи на шумски плодови ,како заедно со ЈП „Македонски железници” околу користењето на противпожарниот воз, како и со сточарите, за да можеме со различни целни групи да постигнеме соодветни договори што би било најдобро да се постапува во период на сезоната кога ќе почнат да се случуваат пожарите на отворено” истакна Коцевски. ад/бк/

Back to top button
Close
Close